Friday, September 9, 2011

ПОЖАРАНЕ - село на многу чешми

Ден создаден за прошетка. Автомобилот штотуку ги грабаше последните неколку километри од патот кој водеше во потшарпланинското село Пожаране. Јас и мојот соговорник го привршуваме разговорот околу прашањето: Што е тоа што на ова село и дава посебно обележје специфично само за него? –Мојот соговорник веќе имаше наброено повеќе такви специфики од кои посебно внимание во тој момент ми привлече неговото кажување дека во село Пожаране  секој добронамерник никогаш нема да остане ниту жеден ниту гладен. Зошто ?-го прашав на што веднаш добив одговор: Затоа што Пожаране е село на многи чешми, а и луѓето кој што живејат тука се крајно гостопримливи. Да се биде пожаранец навистина е голема работа, било да си сеуште жител на ова село или повремено доаѓаш во посета на своето родно огниште.
Тука и го прекинавме разговорот. И двајцата бевме со иста мисла –со слика да го осликаме и воедно прикажеме сето она што тој ден можевме да го видиме и регистрираме со нашиот фотоапарат.
Бидејќи селото е составено од неколку маала, нашето „патешествие“ го започнавме од  „Јанковци“. 

Влез во Јанковци.Лево и десно од патот стари куќи и по некоја нова викендичка.
На самиот влез Гујчиница чешма.
 Авторите на текстов кој се разладуваа со бистрата и убава вода за пиење од
„Гујчиница Чешма“

Сместена во дворот на една стара селска куќа е и Живкова чешма
 Во овој дел од селото постојат уште неколку чешми кои од објективни причини  не беа достапни до објективот на нашата камера.
„Јанковци“ низ слики:
 
 
 
 
 
 
 
 
 
ШУМСКА ВИЛА
                              Долно Маало“ кое воедно е и влез во самото село
                                                                  Чешма „ЈАНОСКА“
  Поставена мермерна плоча на чешмата сведочи за борците во НОБ од ова село.
Поглед кон овој дел од селото:
 


 

 
 
 

 
 
 
 
 

 
 
 
                                        Месноста „Климентија  и нејзиниот чинар.
Чинар стар повеќе од 500 години
           Легендата зборува дека овој чинар е нем сведок за постоењето и напредокот на село Пожаране во изминатите најмалку 500 години. Тука поминувал патот Виа Игнациа, нo ова место е посветено  и на СВ.Климент Охридски кој поминувајќи по патот преночил тука, во чија чест е изграден храм кој е до темел срушен, но постои иницијатива за негово брзо возобновување.    

Црковниот храм во село Пожаране е изграден 1912 година и истиот е посветен на
Свети Никола
Пожаранската црква Св.Никола е една од најголемите цркви во овој крај. Во дворот на истата има помошна одаја и камбанерија
 
 
Прослава на „БОЖИЌ-2012 “ во одаите на црквата
Кумови на прославата:Слободан Т и Саше Т.
Од  јужната страна на црквата стар надгробен споменик на прота Захарије Петровиќ –свештник во ова село кој живеел и творел  во периодот од 1863 до 1936 година
-Веднаш до него новоизградена црковна чешма- дело на Деспот
Алексовски од село Пожаране
-Како и селски гробишта
На стотина метри од влезот на црквата, „ПЕТРОАчешма
А само стотина метри над неа „ПИКЕЕЦ“- чешма која ги   снабдува со вода домовите од „Печовци“ –Маало

Ова маало отсекогаш броело десетина куќи од кои актвно се живее во пет од нив.
Градината на семејството Ристоски кое сеуште активно се занимава со одгледување на овци
како нивен семеен бизнис.

 



 Во близина на село Пожаране порано постоело село по име Катрање.
Во текот на 19 век ова село постепено се исселило. Денес мошне тешко можат да се забележат остатоци од градби, но низ селската чешма сеуште блика студена и бистра вода со која се гаси жетта на викендаши кој што често го посетуваат ова место. Од оваа се снабдуваа со вода најближните домачинства како и пожаранци кои ги извршуваа полските работи во летниот период од годината.
Чешма „Јанческа“
 -Стара и делумно срушена куќа  во Катрање
ЗАДРУЖЕН ДОМ
Пред ослободувањето, овој дом кој бил изграден далечната 1928 година, преставувал Пожарански општински дом. По ослободувањето објектот се користел како  задружен дом кој активно вработувал население на ова село во тогашната  ќилимара, која ангажирала млада женска популација. Во истиот објект престојувале и работници кои работеле во ископ на железна руда од рудниците на ова село..
Подоцна станува селско училиште, а по исзградбата на друго ново училиште, просториите
на овој дом се користени од Месната заедница и дел дадени на користење на селската продавница.Непосредно до домот постои уште еден помал објект кој порано се користел како Културно-младински дом
КУЛТУРНО - МЛАДИНСКИ ДОМ
СПОМЕН ПАРК-ТИТО


Селското училиште – Денес целосно запуштено и руинирано.
 Влез во „ ВОЛЧЕВЦИ“-маало
Мештаните од оваа Маало, со вода за пиење се снабдуваат од
Волческа Чешма
Чешмата е лоцирана на самиот излез од селото, покрај коњскиот пат кој води до месноста Расадиште и Раковец . Во овој дел од селото има изградено базент  наменет за разладување од летните горештини.
Спортско рекреативен базент-сопственост на Владо-Тофо
Во моментот на посетата, во ова Маало имаше доста живот кое нешто беше забележано и од објективот на нашата камера.
Нестороски Чеде, во моментот најстар жител на селото





 
 
 
 
 
 
 
 
 


Домот на семејството Нестороски
 
 
Нов објект во изградба
Влез во една селска куќа
градина со насад
    
 Во дворовите од куќите на семејствата Алексоски, Тофилоски, Петрески,Бошкоски,Николоски- познати пчелари од ова село можат да се забележат многу пчелни друштва пропратени со убаво средени овошни и зеленчукови градини.
Пчелар
    По иницијатива на Месната заедница, во ова маало изграден е каскаден канал
за проток на вода.
   МААЛО – БУЧКОВЦИ
Бучковци е најгорното маало на ова село. Иако брои поголем број на куќи македонски и албански, затекнавме само две домаќинства кои постојано односно преку лето живеат тука. И ова маало има своја чешма наречена Бучкоа .
БУЧКОА ЧЕШМА
Истата е изградена по иницијатива на месната заедница од село Пожаране, во далечната  1968 година а нејзин градител бил  Драге Војноски – универзален занаетчија од ова село и пошироко. Видно засекната, и понатака останува како спомен за она време кога со вода се снабдуваа од неа повеќе домаќинства од ова маало.
БУЧКОВЦИ НИЗ СЛИКИ
Новоизградена викендичка
Домот на семејството Адемовиќ
Поранешна  столарска работилница

Постојани жители на ова Маало-семејството Миноски

   
 Во ова село подолго време наназад работи метеролошка станица –Пожаране, селски стадион на некогашен ФК „Шар“ кој бил осниван далечната 1928 година во Белград од ентузијасти на ова село кој таму биле на печалба. Три репетитори на мобилна телефонија за Полог, а над истото село поминува каналот „Шарски Води“ кој со вода го снабдува Мавроско Езеро и неговиот хидроенергедски систем .
Пожаране во зима
За крај да напоменеме дека под селото , во месноста Илиница постои уште еден храм посветен на
„Свети Илија“
Овој храм е изграден во далечната  1905 година, од страна на Герасим, Наумче и Јаков Тофилоски, а возобновен 2009 година од страна на нивните следбеници
Стар надгробен споменик
-Но и уште многу други имени и безимени чешми  кои оставени на забот на времето го изгубиле и последното свое обележје, можеби се дотогаш додека некој добронамерник  истите една по друга ги  возобнови во знак на спомен кон него и село 
П О Ж А Р А Н Е..


Пожаране – 26.08.2012 година
НАДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕКСТОТ

За само неполна една година од објавувањето на погоре наведениот текст, од страна на надлежните од село Пожаране, на овој локалитет беа превземени градежни работи при што храмот „Свети Илија“ доби свој нов изглед.
Дворното место на храмот е обѕидано со камена ограда а на самиот влез е поставена метална капија  украсена со голем метален крст. Воедно и патеките од дворот се поплочени со бекатон плочки  и поставени се столови за починка односно одмор и релаксација на секој добронамерен посетител.
Светиот храм во новиот изглед
Влезната порта на храмот

Промените се видливи на секој чекор
После долго време на овој локалитет, на  2 август 2012 година од страна на мештаните од селото и пошироко свечено беше обележан  националниот празник „Илинден“. Организаторот на прославата даде цврсто ветување  дека прославувањето на овој празник  во дворното место на овој храм ќе прерасне во традиционално секоја наредна година.  Воено, упати отворен повик до сите пожаранци-каде и да се,  на ден „Илинден“да дојдат во дворот на овој храм заради заедничко дружење и прослава на овој светол семакедонски празник.

За крај да напоменам дека на десетина метри од овој храм, добронамерник од село Пожаране ја возобнови од поодамна запоставената чешма за која нашироко се прикажува дека водата која што истекува од истата има лековито дејство. Името на добронамерникот и причините за возобновувањето на истата се врежани на мермерната плоча која е поставена на самата чешма..
 
Возобновената чешма 
Поставената мермерна плоча со натпис
 

ВИКЕНДИЧКИ НА САМИОТ ВЛЕЗ ВО СЕЛОТО

ПОЖАРАНЕ - 07 јануари 2013 година

НАДОПОЛНУВАЊЕ НА БЛОГОТ  
 Во текот на летото 2012 година, на локалитетот  „ПЕТРОА“ чешма, од страна на семејството Ристоски беа превземени извесни градежни работи при што оваа чешма беше целосно возобновена. Од двете чебурки на чешмата одново потече бистра вода за пиење, која со децении наназад како да воопшто ја немаше односно чешмата беше пресушена. Денес повеќе не е така што говори и нашиот фотозапис направен на ден Божиќ-2013 година.
Возобновената „ПЕТРОА“ чешма

Спомен плоча на чешмата




-Воедно, истиот ден кога се направени овие снимки, во просториите на селската црква „Св.Никола“ во село Пожаране, свечено се прославуваше Христовото раѓање-БОЖИЌ - 2013 лето Господово.
Организатори на прославата-кумови

Кумот на прославата-Стојче Николоски (во средина)

Присутни гости од прославата на БОЖИЌ 2013 год.

07.01.2014 година-НАДОПОЛНУВАЊЕ НА БЛОГОТ


Денес на ден 07.01.2014 година,  ден кога се направени овие снимки, во просториите на селската црква „Св.Никола“ во село Пожаране, свечено се прославуваше Христовото раѓање-БОЖИЌ - 2014 лето Господово.
Во присуство на поголем број верници и гости беше организиран свеќен ручек и прослава, каде што кумови на истата беја Тофилоски Ѓорѓи и Вељаноски Горан од село Пожаране.
Во прилог и неколку фрагменти од прославата.
КУМОВИ НА ПРОСЛАВАТА: ТОФИЛОСКИ ЃОРЃИ И ВЕЉАНОСКИ  ГОРАН




12.04.2014 година – НАДОПОЛНУВАЊЕ НА БЛОГОТ

По многу изминати години и иницијатива на црковниот одбор на село Пожаране, денес на ден 12.04.2014 година во 8 часот, со биење на камбаната и присуство на повеќе верници-мештани од ова село, во црквата „Свети Никола“ беше означен почетокот на свечената литургија на која по повод празник „ЛАЗАРИЦИ“ богослужение изведе свештеник од Гостиварското археерејско намесништво.
Помеѓу присутните мештани и посетители,  се понагласено преовладуваше мислењето и барањето до црковниот одбор, ваквата прослава да стане традиционална секоја наредна година, и истата во иднина преставува повод и причина за средба и дружење помеѓу пожаранци.
Во прилог следат и фрагменти од овој чин.



17 јануари 2015 година-НАДОПОЛНУВАЊЕ НА БЛОГОТ

По повод престојниот празник, денес „СЕ СУЧЕШЕ ВРВЦА ЗА ВОДИЦИ“ во село Пожаране.
 По исучувањето на врвцата со бел и со црвен конец,  крстот беше врзан  со босилек. Прв од крстот се „проси“ домаќинот на куќата, а по него и сите членови на семејството и сите присутни на испраќањето. Него го прифаќа новиот кум. 
Во домот на кумот Слободан Тофилоски беше поставена и Јовановата  софра за присутните гости. 
Во прилог и неколку фрагменти од овој настан:
 
 
 
Најстариот член на семејството
22.05.2016 година-НОВО НАДОПОЛНУВАЊЕ НА БЛОГОТ

На ден 22.06.2016 година, село Пожаране широко ги отвори своие порти за да ги пречека и  прими сите христијански верници како и добронамерни гости, кои празникот „Свети Никола-летен„ го прославија во ова село.
По тој повод од страна на Црковниот одбор на селото до јавноста беше испратено јавно соопштение и повик за масовно учество на овој празничен собир., како и официјална покана до гостите.

Да напоменеме дека ваквата иницијатива на црковниот одбор на селото беше поздравена од мештаните со огрома радост и голем благослов, бидејќи за прв пат  ќе биде прославен  патрониот празник на овој Пожарански светол храм, кој воедно ќе прерасне во традиционален секоја наредна година.
Свеќената прослава започна со црковна богослужба , сечење на славскиот леб и осветување на вода, а првиот и воедно почесен кум на оваа прослава-Боге Војноски со неговиот внук Дејан Јовчески, за присутните гости приреди свечена трпеза проследена со богата музичка програма.
За  кумови  во наредната 2017 година, со влечење на паричка беа изабрани  Томески Тодор и Ристоски Ратко исто така мештани од село Пожаране.
                                                              Неколку фрагменти од тој настан:
 
 
 
 
 










 Авторот  го задржува правото за надополнување на овој блог со нови содржини кој што се од значење за село Пожаране и неговите жители –тука или било каде и да се во светот.
_________
Голема благодарност до сите оние кои потпомогнаа во реализирањето на овој проект
Боге Војноски- автор на текстот,


Блогови со слична содржина:

http://pozaranskiterodovi.blogspot.com/
 http://pozaranskicinar.blogspot.com/
http://pozarane.blogspot.com/
http://buckovci.blogspot.com/
http://pozaranskitevodopadi.blogspot.com/
http://pozaranevodenica.blogspot.com/
http://pozaranesokolec.blogspot.com/
http://pozaraneuciliste.blogspot.com/
http://pozaranskiprosvetiteli.blogspot.com/
http://dragevojnoski.blogspot.com/
http://pozaraneselo.blogspot.com/
http://pozaranedrama.blogspot.com/
http://pozaraneprikazna.blogspot.com/
http://pozaranezadruga.blogspot.com/
http://pozaranefudbal.blogspot.com/
http://pozaranelaga.blogspot.com/
http://pozaranepolitika.blogspot.com/
http://pozaranesvadba.blogspot.com/
http://pozaranepesna.blogspot.com/
http://pozaranefudbal.blogspot.com/
http://pozaranevodovod.blogspot.com/